Градоначалникот на општина Ново Село ги повика граѓаните на референдум за рудниците

Од:

Градоначалникот на Општина Ново Село, Блажо Велков, денеска преку видео запис ги повика граѓаните на општината масовно да излезат на референдумот што ќе се одржи на 17 септември годинава во врска со работата на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука.

– Како ваш сограѓанин и градоначалник ве повикувам масовно да излеземе на референдумското изјаснување во недела, рече Велков.

Советот на општина Ново Село на 14 август 2017 година, донесе одлука за распишување референдум на локално ниво.

Полнолетните граѓани кои се запишани во избирачкиот список може да се изјаснат за две прашања, на две поединечни гласачки ливчиња: „Дали сте за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука“ и „Дали сте за или против отворање рудници и рударски комплекси за производство на метални и металични суровини“.

Референдумското изјаснување ќе се врши од 7 часот утрото до 19 часот попладнето.

Општинската изборна комисија Босилово работи на ажурирање на податоците за да излезе со конечна бројка на гласачи и гласачки места.

На 3 септември референдум во врска со рудниците се одржа и во Општина Босилово, но не беше успешен зошто не излегоа потребните 50 плус еден глас, од вкупно запишаните 12.301 гласачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Македонското рударство стагнира додека регионот инвестира – Иловица останува најголемата неискористена можност

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

Рударството нуди високи примања, но стотици потенцијални работни места остануваат само на хартија

Шпанија повторно отвора рудник по четири децении – локалните жители ќе имаат предност при вработување