Наградени десет научници на УКИМ

Од:

Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ денеска награди десет свои научници кои во 2012 година покажале врвни реултати во научно-истражувачката дејност.

Наградени се: Лилјана Гаврилоска и Гога Цветковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Георги Георгиев од Факултетот за физичка култура, Марјан Бушев и Сашко Ристов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство  (ФИНКИ),  Марјан Марковиќ од Филолошкиот, Трајче Стафилов, Марина Стефова и Живорад Томовски од Природно-математичкиот и Милан Шаревски од Машинскит факултет. Наградата се состои во паричен износ од 50.000 денари.

– Сенатот и Ректорската управа донесоа одлука да се доделат парични награди за 10-те најдобри научници во тековната година кои се покажале со своите публикации, издавачка и научно-истражувачка дејност, што воедно значи и промоција на Универзитетот, рече ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски.

Наградените научници сметаат дека треба да се вложува многу повеќе во науката и побараа поголема соработка со стопанството.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата