Одобрен анекс договор за финиширање на автопатот Миладиновци-Штип

Од:

На денешната седница на Владата на Република Македонија по предлог на Министерството за транспорт и врски беше разгледан и прифатен текстот на Анексот кон Договорот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.

Владата донесе одлука со која се овластуваат Кочо Анѓушев – Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, Горан Сугарески – Министер за транспорт и врски и Зоран Китанов – в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта да го потпишат Анексот број 1 кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци – Штип, откако тој ќе помине и ќе биде усвоен низ процедурата во Соранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски