Димитров и Данкан потпишаа заедничка изјава за партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска потпиша Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со британскиот министер за Европа, сер Аалан Данкан кој рече дека посакува да ја види Македонија просперитетна и успешна.

„Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме“ стои во Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Министерот Димитров изрази задоволство што уште една пријателска земја е подготвена да даде конкретна поддршка на реформските процеси на Република Македонија: „Ова партнерство е подеднакво корисно за двете земји – за Македонија е инспирација што зад неа стои една од најстарите демократии, а за Велика Британија потврда за нивниот несебичен ангажман за зацврстување на демократијата“. На средбата, во исклучително пријателска атмосфера беше потврдена британската поддршка за евро-атлантските интеграции на Македонија. Обединетото Кралство останува силно присутна во регионот на Западен Балкан и поддржувач на членството на земјите од Регионот во ЕУ.

Во рамки на посетата, попладнево министерот Димитров ќе земе учество на конференцијата „Британската демократија: Глобални вредности во неизвесен свет“ што ја организира престижната Вестминстер Фондација за демократија (WFD) по повод 25-годишнината од нејзиното основање.

Би можело да ве интересира

Тинејџерот кој се закануваше дека ќе нападне училиште со експлозив е осуден на затворска казна

А1он

Принцот Вилијам стана милијардер: Тој е побогат од кралот Чарлс

Предраг Петровиќ

Велика Британија ќе го добие шестиот премиер за седум години

(ВИДЕО) Несреќа во Велика Британија: Судир на два воза, прогласена е вонредна состојба

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Черчил и Џејн Остин ги менуваат со жолт бумбар, ајкула, пеперутка…

А1он