Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Сојузна Република Германија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Министерот Спасовски му посака успешна работа на амбасадорот Герберих и изрази надеж дека ќе продолжи успешната соработка меѓу двете држави, а Република Македонија наскоро ќе направи прогрес во процесот за интеграција во Европската унија и НАТО. Министерот Спасовски ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, за таа да се департизира и декриминализира односно да биде вистински сервис на граѓаните и го запозна амбасадорот Гербрих за преземените мерки во првите сто дена од мандатот. Министерот Спасовски ја потенцира и добрата соработка со германската полиција, пред се во борбата со тероризмот и насилниот радикализам.

Амбасадорот Гербрих му честита на министерот Спасовски за сработеното во овој релативно краток временски период и му посака успех во натамошното спроведување на реформите. Тој потенцира дека Сојузна Република Германија е пријателска земја и партнер кој и во иднина ќе и дава поддршка на Република Македонија, а понуди и конкретна помош за Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски