Спасовски побара повлекување на Јакимовски од СЕЛЕК: Ни се смее цела Европа

Од:

МВР побарало повлекување на Тони Јакимовски од меѓународната организација СЕЛЕК.

„Подобро е да немаме директор во СЕЛЕК отколку да имаме со криминално досие и да ни се смее цела Европа“, рече министерот Оливер Спасовски на прес конференција денес.

Според него функцијата на Јакимовски во СЕЛЕК е лоша репутација за Македонија, па дури имајќи го во предвид и тоа дека треба да се почитува пресумцијата на невиност.

„Никој никого не обвинува, но во организација што се бори против организиран криминал и корупција да имаме ваков човек е недозволиво. Најмалку што се очекува е да се повлече самиот“, рече министерот.

Спасовски потврди дека во МВР постојат двојни идентитети за работи на службата, но овој случај со Горан Грујевски се уште се испитува и засега нема да открие детали.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила