Шведски научници извршија ДНК анализа на костурот од една викиншка гробница во Шведска, при што е утврдено дека тоа и припаѓа на жена на возраст од 30-тина години.
Покрај останките, во гробницата се пронајдени и меч, друго оружје, оклоп и скелет на коњ.
Научниците наведоа дека тоа е прва потврда дека една жена била нордиски воин.
Иако експертите долго време претпоставуваа дека станува збор за коски од жена, таквите претпоставки беа отфрлени и покрај претходните студии кои наведуваат дека постоеле и жени воини меѓу Викинзите.
Костурот на кој е извршена анализа, е стар околу 1.000 години од ерата на Викинзите, а пронајден е во Бирка во близина на Стокхолм.