Промовирана реконструираната внатрешна фасада во Заводот и Музеј во Битола

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и кооринаторот на турската агенција -ТИКА Махмут Чевик денеска го промовираа реконструрањето на внатрешната фасада на Заводот и Музеј во Битола.

Владата, нагласи Канческа-Милевска, спроведува проект за обнова на фасадите во старите градски јадра на повеќе македонски градови, во чии рамки се зафатите и во Музејот во Битола.

– Идејата беше да се врати автентичниот сјај на фасадите во старите градски јадра, она што за нас претставува историска културна вредност каде се отсликува историјата на самиот град. Музејот во Битола е заштитен Споменик на културата, објект со голема историска важност и во објектот се наоѓа спомен собата на една од најмаркантните личности на Турција –Кемал Ататурк, истакна Канчевбска Милевска.

Министерството за култура во реконструкацијата на внатрешната фасади вложи 2,5 милиони денари со што се обезбеди некогашната боја на денешното Пацио во Музејот.

– Фасадата го доби автентичниот изглед со автентичната боја што постоела на самиот објект. Следната година согласно приоритетите на Заводот и Музеј ќе се продолжи со реновирање и на други фасади во Битола и ќе се реализира проект за реконструкција на Јени Џамија, посочи Канчевска Милевска.

Агенцијата ТИКА од Турција за комплетната реализација на овој проект, однсоно внатрешна и надворешна обнова на фасадата, како и други зафати издвои 300.000 долари, потврди координаторот Махмут Чавик.

– Нашата соработка со Владата на Република Македонија продолжува во сите области и секако во областа на културата за што министерствата од двете држави неодамна потпишаа значаен протокол. По завршувањето на овој проект очекуваме значително да се зголеми бројот на туристи и посетители од Турција во Битола, рече Чавик.

Министерка Канческа-Милевска  во рамки на посетата на Битола денеска оствари средба и со директорите на националните установи од областа на културата во овој град.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он