Хамас подготвен на безусловно помирување со Фатах

Од:

Палестинската исламистичка група Хамас вчера соопшти дека е подготвена да преговара за помирување со Владата на палестинскиот претседател Махмуд Абас „без никакви предуслови“.

Во соопштението објавено по состанокот со египетските претсатвници во Каиро, Хамас посочи дека е подготвена да го распушти спорниот Комитет за управување со Газа, како што претходно бараше Абас.

Абас го запре снабдувањето на Газа со електрична енергија и ги намали платите на десетиците илјади јавни службеници во обид да го принуди Хамас да го распушти Комитетот.

Хамас бараше од Абас да ги укине низата мерки преземени против исламистичката екстремистичка група пред да почнат преговорите за постигнување на договор за помирување.

Раскол меѓу ривалските палестински фракции се случи во 2007 година, кога Хамас од Газа ги протера силите лојални на Абас. Оттогаш имаше повеќе неуспешни обиди за помирување.

Би можело да ве интересира

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Се огласи Хамас: Трамп да учи од грешките на Бајден

Катерина Ѓуровски