Анѓушев: Владата ќе бара трајно решение за проблемите во „Колска“

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев имаше средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, соопшти денеска неговиот кабинет.

Вицепремиерот Анѓушев ги ислушал барањата на вработените од Колска и ги уверил дека Владата ќе работи да го надмине проблемот, а вработените да ги добијат своите примања.

– Проблемите на вработените во Фабриката за шински возила Колска не се од вчера, всушност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но, во исто време целта на Владата е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и зравствено осигурување, потенцирал вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он