Ципрас: Евентуалниот прекин на преговорите на ЕУ со Турција е грешка

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека евентуално прекинување на преговорите за пристапување на Турција во Европската унија, како што предложи германскиот канцелар Ангела Меркел, би претставувало „тактичка и стратешка грешка“.

Ципрас повика на продолжување на соработката со Турција и покрај авторитарната насока, што ја зазел претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Грчкиот премиер смета дека е грешка да се затворат вратите и перспективите за пристапување.

Тој зборуваше на денешната пресконференција на Меѓународниот саем во Солун.

Ципрас нагласи дека Ердоган всушност би го поздравил ставање крај на дијалогот, бидејќи тој бара продолжување на потребната демократизација на земјата.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите