А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК: Увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК извршиле 21.594 граѓани

by А1он10/09/2017 - 18:25270
Share0

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), заклучно со вчера, кога заврши јавниот увид во Избирачкиот список, увид извршиле вкупно 21.594 граѓани, информираше денеска на прес-конференција Љупка Гугучевска од ДИК.

Добивај вести на вибер

– Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во Избирачкиот список, 22 решенија за бришење и 133 решенија за промени на податоци во Избирачкиот список. На електронската апликација Избирачки список во овој период извршени се 203.191 проверка, соопшти Гугучевска и појасни дека во рок од пет дена ДИК ќе го достави Избирачкиот список на увид на политичките партии.

Информира дека политичките партии во рок од пет дена од добивањето на Избирачкиот список, односно најдоцна до 19 септември, ќе можат до ДИК да поднесат барања за запишување, бришење или промени на податоци, а пак по овие барања ДИК ќе одлучи во рок од три дена.

Избирачкиот список во кој се вклучени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК ќе го заклучи најдоцна до 24 септември.

Од ДИК потсетија дека рокот за поднесување на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите истекува на 14 септември во 24 часот. Листите се поднесуваат до надлежните општински изборни комисии.

На веб страницата на ДИК достапно е известувањето за потребните документи кои подносителите треба да ги достават во прилог на листите.

dikizbiracki spisok

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Горан Наумовски11/01/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен