Зоран Божиновски, авторот на сајтот „Буре весник“ напиша дека Сашо Дамовски викан Садам има доказен материјал што не го објавува, кој е вистинска „бомба“ која може да ја урне Владата.
„ Дамовски, кој е сопственик на порталот МКД.мк, е контролиран од Сашо Мијалков и затоа не излегува во јавност со доказите“, пишува Божиновски.
„Кога Александар Дамовски викан Садам, би бил новинар како што не е, кога не би бил соработник на Мијалков, седнат во негов скут и држен на кратко синџирче, денес би објавил се што поседува (а поседува) како јасен доказ за пресметката пред седиштето на СДСМ!Ако го објави материјалот ќе падне Владата, ако падне Владата од затвор ќе излезе Велија, ако излезе Велија ќе се крене А1, Време и другите медиуми, ако се кренат тие медиуми ќе го снема од медиумската мапа Александар Дамовски викан Садам“, пишува Божиновски.