А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Агатангел не го покани ктиторот Анѓушев на осветување на црквата во Велес, ќе оди Никола Груевски

by А1он09/09/2017 - 23:34576
Share0

На осветувањето на црквата во Велес, митрополитот на повардарската епархија Агатангел, не го кани ктиторот на комплетниот фрескоживопис и дарител на електриката во црквата Свети Кирил и Методиј која се градеше 11 години. Не е поканет никој ниту од новата влада. Единствено поканет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на осветувањето на храмот, чин кој почна во петокот, а завршува во недела наутро.

Добивај вести на вибер

Владиката Агатангел последниве години е активен во низа политички збиднувања под плаштот на барањето за помирување на политичкит партии или со изговорот дека ја штити Македонија.

Тој ја предводеше и беше на чело на групата која ја демолираше општината Центар. Она што го говореше дека со измена на ДУП-от ќе се избришела црквата во центарот на Скопје, испадна дека не е точно.
Повардарскиот митрополит Агатангел им се приклучи и на велешани кои ја поддржуваа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и заедно со нив продефилира низ улиците на Велес.

Повика сите да му дадат голема поддршка на претседателот Ѓорге Иванов бидејќи, како што рече, клучот за опстанок на оваа држава е во неговите раце.

Митрополитот Агатангел на протест рече дека „треба да се преброиме“ и дека „така ќе видиме дека тие што бараат двојазичност, кантонизација и што бараат двојазична монета не може да го добијат и тоа што сега го имаат, затоа што не се ни 15 проценти“.

Тој ги повикуваше и европските лидери да не му вршат притисок на Иванов, туку да го остават да одлучува со своја глава како што му доликува на еден прав Македонец.

Токму поради овие негови настапи, иако поканети, дел од странските претставници според информации на А1он, нема да се појават во Велес.

Храмот е изграден со финасиски средства на Повардарската епархија и со донации на верниците. Донатор на фрескоживописот е Кочо Анѓушев, а на резбаниот иконостас е општината Велес.

agatanelangjusevgruevskiveles

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски16/04/2026 - 11:4316/04/2026 - 11:44

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто