А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Волонтери ќе се грижат за старите и изнемоштени пензионери од кумановско

by А1он09/09/2017 - 13:3198
Share0

За старите и изнемоштени пензионери од Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе се грижат волонтери кои ќе набавуваат продукти и ќе закажуваат прегледи кај лекари.

Добивај вести на вибер

Ова е предвидено со проектот „Во посета, со добра намера“ којшто го спроведува Здружението на пензионери. За таа цел, Здружението, кое има 14 ограноци на подрачјето на трите општини, веќе започна со организација на групи волонтери кои ќе им помагаат на пензионерите со влошена здравствена состојба.

– Голем број од пензионерите останаа сами, без неопходна помош. Увидувајќи го тој проблем, одлучивме да им помогнеме на пензионерите кои се во незавидна материјална положба, кои се осамени, со влошена здравствена состојба, ангажирајќи волонтери кои ќе се погрижат за осовните потреби на овие лица, изјави Никола Костовски, претседател на комисијата за здравство при Здружението на пензионери.

Предвидено е да се ангажираат од 100 до 150 волонтери кои ќе се едуцираат и ќе добијат сертификат за учество во проектот. Семејствата треба да одлучат дали ќе дозволат посета и поддршка од волонтерите.

– Планираме да ангажираме и медицински персонал кој при посетите ќе може да пружи и здравствена помош, истакна Костовски.

Проектот е продолжение на претходниот „Мала помош, голема корист“ којшто го организираше Здружението со поддршка на Црвениот крст.

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има над 14.000 пензионери.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски01/04/2026 - 09:5401/04/2026 - 09:55

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:15

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он22/03/2026 - 13:3022/03/2026 - 13:55

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он26/02/2026 - 15:08

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто