ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не видоа ништо од ветените реформи и подобрувања на услугите во здравството

Од:

Дафина Стојаноска денеска во изјава за медиумите рече дека во изминатите 100 дена од доаѓањето на власт на СДСМ тие ветувале разни реформи и подобрување на услугите во здравството, но граѓаните од тоа не виделе ништо.

– Владата на СДС во првите недели направи реваншистичка смена на дирекорите во јавното здравство. Врвни доктори и професионалци ги заменија со лица со понизок квалитет и лица кои имаат криминално минато. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во своето владеење обезбеди над 1.700 апарати на најсовремена медицинска опрема се со цел да се помогне на граѓаните, а СДС не успеа да набави ниту еден нов медицински апарат или опрема. Цената на лековите неспособната влада на СДС не успеа да ја намали додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше намалена цена на над 700 лекови. Ветувањето за покачување на платата на докторите за 100.000 денари, СДС не го реализира ниту за 1 денар, рече Стојаноска.

Таа додаде дека е укинат ургентниот интернистички центар при кампусот Мајка Тереза и дека се запрени и проектите за едукација што врвните странски експерти и лекари ја правеа во Македонија.

– Неспособноста на владата на СДС е се повеќе очигледна. Во нивното владеење се случи и најцрната недела во историјата на нашата држава. За една недела умреа 10-тина дечиња по разни болници, а за ова одговорност од СДС немаше. Загрижува и индоленстноста на владата во справување со појавата на смртност кај новороденчињата. Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Со локалните избори на 15-ти октомври почнува падот на оваа неспособна власт, заврши Стојаноска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите