Агенцијата за државни патишта денеска ќе ја пушти во употреба реконстрираната делница Катланово-Велес од автопатот „Александар Велики“.
Во изминатите 16 месеци на таа делница, една од најфрекфентните во државата, се реконструирани 27,5 километри, во што се инвестирани 445 милиони денари (околу седум милиони евра).
Со реконструкцијата на Катланово-Велес е обновен асфалтот и се санирани насипите и местата каде што има нестабилни карпи. Санацијата ги опфати најкритичните точки на делницата и е поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација.
Градежните работи за реконструкцијата на делницата ги изведе „Гранит“.