ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Заев и СДС за 100 дена на власт не реализираа ниту еден единствен реален проект

Од:

„Во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, се купија неколку компјутерски томографи, а вредноста на еден таков томограф беше над 350.000 евра. Инвестицијата беше наменета за сите пациенти кои што имаат потреба од брзо дијагностицирање на болеста.

Со 350 милиони евра кои што за 100 дена расипнички ги потроши неспособната влада на СДС и Зоран Заев, можеше да се набават 1.000 компјутерски томографи. Расипниците од СДС не набавиjа ниту еден. Приоритетот на неспособната влада на СДС и Заев, очигледно е дека не се граѓаните и нивните потреби, туку луксузирањето и задоволувањето на апетитите на блиските партиски војници на СДС и Заев.

Неспособниот Заев и СДС за 100 дена на власт не само што расипнички ги потрошија парите на граѓаните, туку не реализира ниту еден единствен реален проект кој би бил од огромно значење на граѓаните, за нивен поквалитетен живот.

Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДС и Заев.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Поради целосната негрижата, неспособноста и неодговорност на СДС и Заев, граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе му пресудат на Заев и целосно ќе го делегитимираат и казнат неговото расипничкото владеење“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ