(ВИДЕО) Димовски: Ќе гласаме за законите на СДСМ, тие да гласаат за нашите

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ имаат намера да гласаат позитивно за трите закони по скратена постапка што се поднесени од СДСМ, но бараме политички начин како да извршиме притисок врз СДСМ тие да гласаат за трите закони коишто ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата, рече денеска на прес-конференција координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Законите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што појасни, се за покачување на платата во јавниот сектор, за обезбедување вредносни бонови-ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема за студентите, како и за намалување на трошоците и каматите во постапките за извршување преку извршителите и нотарите.

Според Димовски, со амандманите што СДСМ почнале да ги усвојуваат на Комисијата за политички систем, предложениот закон за извршување станува безпредметен. – Во неформална комуникација ни беше кажано дека имаат намера да гласаат и против законот за покачување на платите, така што во Собранието на Република Македонија имаме јасно позиционирање кој е конструктивен спрема граѓаните, а кој е деконструктивен спрема граѓаните, рече Димовски на прес-конференција во Собранието.

Според Димовски, на денешната Комисија за европски прашања по однос на Законот за употреба на јазиците им било оневозможено гласање, со тоа што претседателот на Комисијата Артан Груби не дозволил да се гласа поединечно за законот.

– Нашиот став останува ист дека законот за употреба на јазиците е надвор од Уставот на Република Македонија, не е во рамки на Охридскиот договор и е дискриминирачки спрема македонскиот јазик, но и спрема јазиците на турската, бошњачката, српската, ромската и влашката заедница во Република Македонија, наведе Димовски.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител