(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законите за минимална плата и за стечајците и повторно работат против граѓаните

Од:

Петре Шилегов од СДСМ денеска одржа прес-конференција во собранискиот прес-центар на која што кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев два дена ја блокирале Комисијата за труд и социјална политика и постапката за донесување на предлог-законите за минимална плата и за стечајците.

– Со јалови дискусии и бесцелни меѓусебни реплики ги блокираат законите кои што се од интерес на граѓаните, особено во интерес на економски најранливите категории. Деструктивното однесување на ДПМНЕ продолжува и понатаму, независно од тоа што нивното однесување оди директно на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во суштина ја блокира можноста на вработените кои имаат најниски примања и на вработените во текстилната и кожарската индустрија да им се покачи платата на 12 000 денари. Ја блокираат можноста конечно стечајните работници финансиски да го решат својот статус. Ги блокираат реформите во оваа држава, го блокираат просперитетот кој граѓаните го очекуваат, рече Шилегов.

Тој додаде дека со ваквото однесување тие само го потврдувале фактот дека за нив не се важни интересите на граѓаните, нивната подобра економска состојба, нивната подобра социјална заштита, туку се загрижени само за тесно-партиските интереси и благосостојбата на раководството од оваа партија.

– Тажно е што ДПМНЕ после изборниот пораз и после обелоденувањето на целокупната криминална политика не успеа да се сврти и да работи заедно со граѓаните. СДСМ нема да им го дозволи ова сценарио и нема да дозволи блокада на процесите кои што ќе обезбедат напредок , реформи и подобра економска состојба на граѓаните. Никола Груевски на последните парламентарни избори доби јасна порака, а тоа е дека граѓаните не сакаат режим, не сакаат манипулации и не поддржуваат политика на тесно-партиски интереси, рече Шилегов.

Тој рече дека нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да блокира ниту една мерка што е во интерес на макар еден граѓанин на оваа земја и дека повторно ќе би поразат, граѓаните на избори, а тие во Собранието.

Би можело да ве интересира

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он

Собранието го донесе Законот за учебници

А1он

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски