УГД добива катедра за современ танц

Од:

Катедра за современ танц, која ќе ја води вонредниот професор Рисима Рисимкин, од студентската 2017-2018 година ќе биде отворена на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Катедрата за современ танц, како што е најавено на денешната прес-конференција, ќе функционира во рамките на Филмската академија при УГД и ќе овозможи образовна програма на европско ниво.

Рисимкин, рече дека студиите по современ танц на УГД се програма дизајнирана како тригодишен циклус, во која преку интензивна практична и теоретска настава, студентите ќе добијат комплетно академско образование во областа.

– Покрај домашниот стручен кадар, програмата ќе ја одржуваат врвни педагози од странство, а студентите ќе имаат можност за практична работа со нови танцови продукции, изјави Рисимкин.

Според деканот на Музичката академија при УГД Тони Китановски, радува фактот дека УГД се шири со квалитетни, иновативни и современи програми.

– Знам дека студентите од џез одделот ќе соработуваат со нивните колешки и колеги од танцовата катедра бидејќи џезот и онака настанал како танцова музика. Уписите се во тек и очекуваме одзив кај сите заинтересирани за современ танц, рече Китановски.

Уписот на идните студенти на Катедрата за современ танц при УГД е во тек и конкурсот е отворен до 14 септември.

Според програмата катедрата ќе остварува соработка со партнерски образовни институции од Холандија и Швајцарија и универзитети за танц од Европа и Кина. Со тоа се отвара моженост за студентска размена и привлекување на странски студенти, што во иднина ќе овозможи Македонија да стане еден од водечките центри во областа на едукација за соврмен танц.

Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Волтер Пломп, рече дека Холандија ги поддржа корените за оформување на едукативната програма за современ танц преку „Скопје танцовата академија“.

– Мило ми е што оваа поддршка создаде прекрасен плод на македонско-холандската културна соработка. Многу сум задоволен, што можам да видам дека денес, оваа програма застанува на свои нозе, како дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и верувам дека ќе го задржи врвниот квалитет и ќе претставува уживање за идните студенти, изјави Пломп.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март