Одличен рецепт за богат семеен ручек.
Потребно е:
1,5 кг свински гради
2 чешниња лук
1 лажичка мелен ким
1 лажица масло
сол, бибер
за фил:
300 гр мешано мелено месо
150 гр пилешки џигери
2 јајца
1 лажица ситно сецкан кромид
150 гр замрзнат грашок
3 лажици ситно сечкан магдонос
2 лажици лебни трошки
сол, бибер
за сос:
500 мл бело вино
Подготовка:
– Извадете ја коската на свинските гради (или кажете му на месарот тоа да го направи за вас).
– Земете големо тавче за печење и во него ставете врела вода. Ставете го месото со кожата надолу, кон врелата вода и оставете го така 15 минути. Потоа, со нож направете засеци на кожата. Направете и длабок џеб во месото, засекувајќи по страните на кожата.
– Во маслото ставете ги ренданиот лук, мелениот ким и зачинете со сол и бибер. Оваа смеса втријте ја во кожата и во внатрешноста на месото. Вака подготвено месото, оставете го во фрижидер да отстои до следниот ден.
– Сите состојки за филот соединете ги во длабок сад и зачинете со сол и бибер. Со овој фил наполнете го џебот на месото. Отворот зацврстете го со кујнски конец за да не истече филот.
– Вака подготвени и наполнети гради ставете ги во тавче за печење намачкано со малку масло.
– Печете во убаво загреана рерна на 175 целзиусови степени, прво 1 час и потоа зголемете ја температурата на 200 целзиусови степени и печете уште 1 час.
– За време на печењето, превртувајте го месото и долевајте вода, по потреба.
– Кога ќе биде испечено месото, оставете го 30 минути да се одмори за да може полесно да се сече.
– Во тавчето во кое се печеше месото ставете 500 мл бело вино, измешајте со лажица и вратете во рерна околу 30 минути. Со овој сос прелијте го месото кога ќе го сервирате исечено на парчиња.