Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на церемонијата на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
На церемонијата ќе присуствуваат ученици од ООУ „Тихомир Милошевски“ од Ново Село, Скопје, од ООУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце и од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин ќе го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.