Бангладеш тврди дека мјанмарската војска поставува мини на границата меѓу двете земји

Од:

Владата на Бангладеш ја обвини Мјанмар дека нејзината војска поставува нагазни мини долж граничната линија меѓу двете земји.

Висок функционер во Дака изјавил дека бангладешката Влада верува оти властите во Јангун ја минираат границата за да се спречи враќање во Мјанмар на побегнатите припадници на муслиманската заедница на Рохингите.

Околу 150 илјади Рохинги избегале во соседен Бангладеш од 25 август, откако дојде до ескалација на насилствата во мјанмарската провинција Рахине, каде се неселени Рохингите.

Ескалацијата започна откако милитанти припадници на Рохингите нападнале една полициска станица во провинцијата, сместена на крајниот северозапад на Мјанмар, по што интервенирала војската и полицијата.

Независни набљудувачи и медиумите кои известуваат за ситуацијата во провинцијата, повикувајќи се на извори од Рохингите, ги обвинуваат властите во Јангун за спроведување насилство од страна на припадници на безбедносните сили, проследено со убиства и силувања, што предизвикало масовно бегство на припадниците на оваа етничка заедница.

Бангладешките власти тврдат дека досега во инциденти од поставените мини, настрадале три лица.

Претставник на армиските сили на Мјанмар во Јангун ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека нема мини на границата, но Владата на Бангладеш му вложи остар протест на мјанмарскиот амбасадор во Дака, за најновата криза на границата меѓу двете соседни земји.

Портпарол на Аун Сан Су Чи, која е дефакто лидер на Мјанмар, по повлекувањето на воената хунта, изјавил дека вината за она што се случува треба да се бара кај „терористите“, како што властите во Јангун ги нарекуваат милитантните групи на Рохингите.

– Кој со сигурност може да рече дека мините не ги поставуваат терористите, рекол овој претставник одговарајќи на осудите од Бангладеш.

Рохингите се муслиманска етничка заедница која нема сопствена држава. Во Мјанмар, доминантно населена со будисти, на Рохингите не се гледа како на малцинска група, туку на бегалци кои се префрлиле од соседен, муслимански Бангладеш.

Граничниот реон меѓу двете земји еднаш веќе бил миниран, во 90-те години на 20. век, во време на владеењето на воената хунта, со образложение да се се спречи навлегувањето на бегалци во Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени