Димитров во Берлин: Германија е искрен пријател и клучен партнер на европската перспектива на Македонија

Од:

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во работна посета на Германија, во чии рамки оствари средба со својот домаќин, германскиот сојузен министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

На средбата со својот германски колега, министерот Димитров ја реафирмираше силната политичка волја и активностите на новата македонска Влада насочени кон враќање на европскиот курс на земјата, преку исполнување на неопходните реформи, со цел зајакнување на процесот на наша интеграција во ЕУ и НАТО. Ги пренесе и позициите на Република Македонија во однос на проактивниот пристап во регионалната политика преку конкретните иницијативи на новата Влада за градење односи на отворен дијалог со сите наши соседи, оценувајќи дека истите несомнено ќе придонесат за европска иднина на целиот регион на Западен Балкан. “Не сакаме лажни реформи, сакаме систем на спреги и кочници. Сакаме европска Македонија, владеење на правото и систем на заслуги. Така ќе ги поттикнеме нашите млади да останат. Берлин го напушаме силно охрабрени, со пораки на јасна поддршка за предизвиците што не’ очекувааат на овој пат“, истакна Министерот.

Министерот Габриел ја реафирмираше германската поддршка во исполнување на стратешките приоритети на нашата земја, потенцирајќи дека Германија ќе продолжи силно да ги охрабрува македонските заложби за интегрирање во ЕУ и НАТО. Ги поздрави нашите иницијативи посветени на водењето политика на добрососедство, констатирајќи дека досега преземените активности се недвосмислена потврда на нашата определба за практикување европска политика во Регионот.

Покрај средбата со министерот Габриел, Димитров реализираше средба и со советникот за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Меркел, д-р Кристоф Хојзген, а оствари одделни средби и со заменик генерлниот секретар на Фондацијата „Конрад Аденауер“, д-р Герхард Валерс, како и со високиот претставник и член на Управниот одбор на Фондацијата „Фридрих Еберт“, д-р Ролф Мицених.

Својата посета на Берлин, министерот Димитров ја заокружи со обраќање во реномираната германска тинк-тенк организација “Германско друштво за надворешна политика“, на тема “The New “Macedonian” Moment for the Western Balkans?”

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски