ВМРО-ДПМНЕ: Додека ние инвестиравме во капитални проекти владата на СДС парите ги троши за партиски вработувања

Од:

„Расипништвото на оваа влада за само три месеци успеа да ја задолжи Македонија и граѓаните за 170 милиони евра, пари кој еден ден ќе треба да ги враќаат нашите деца.

За што се потрошени овие пари, за што нашите деца ќе враќаат милионски суми? Но за владата на СДС овие пари со кои ги задолжија граѓаните не беа доволни па успеа од државните девизни резерви да стопат 177 милиони евра, пари за кој е врзан македонскиот денар и доколку се продолжи со топење на државните резерви ќе дојде до сигурна девалвација на денарот.

Колку за споредба ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во капитални проекти. Капитални проекти како инвестиции во здравството и медицинска опрема.

Додека ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во капитални проекти влада на СДС парите ги троши за партиски вработувања и исплата на долговите на Заев. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја опреми болницата 8 Септември со најсовремена медицинска опрема со инвестиција од 5 милиони евра. Со парите кој СДС залудно ги потроши можеше да се опремат 69 болници како 8 Септември низ цела Македонија. Можете да си замислите какво подобрување би имало во целокупниот здравствен систем со една ваква инвестиција.

Неспосбноста на СДС нема граници нивното расипништво досега ги чинеше граѓаните 344 милиони евра. Уште колку милиони евра треба СДС да потроши од парите на граѓаните за ова лудило да запре. Едиствен начин да се сопре ова лудило е со глас за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори на 15 октомври. Делегитмацијата на оваа влада е неизбежна, граѓаните на 15 октомври ќе и дадат црвен картон на владата на СДС и нејзините расипнички политики“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ