Цените на угостителските услуги во август се зголемени за 0,1 процент во споредба со јули, а за 0,9 проценти во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Податоците укажуваат дека зголемување за 0,1 процент има во групите Храна, Алкохолни пијалаци и Безалкохолни пијалаци.
Во периодот јануари-август цените на угостителските услуги е зголемени за 0,7 проценти во однос на истиот период минатата година, а во споредба со декември лани зголемени се за 0,7 отсто.