Претставена платформа за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите

Од:

Подобрување на условите за квалитетно истражувачко новинарство во областа на човековите права и судството и зголемување на капацитетите на граѓанските организации кои работат во областа на слободата на изразување и медиумите има за цел „Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите“, што денеска беше промовирана во рамки на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“.

Проект менаџерот Искра Белчева Ристовска посочи дека сите истражувачки стории направени во текот на проектот се објавени на веб страницата istrazifakti.mk, која служи како алатка за поддршка на платформата.

– Вкупните цели на проектот се овозможување на правна и практична средина и да ги стимулираме и новинарите и медиумите да го развиваат истражувачкото новинарство. Од друга страна е да ја алармираме јавноста и ангажираме да почне да ги бара истражувачките стории, бидејќи со веќе презентираните стории покажавме дека истражувачкото новинарство е многу поцелисходно за целата јавност, изјави Белчева Ристовска.

Посочи дека над 150 студенти ги посетиле обуките за истражувачко новинарство во Скопје, Штип и Тетово, дел од нив и летна школа за истражувачко новинарство, а најдобрите посетувале пракса во медиумските партнери „Нова ТВ“, „Телма“ и „Фокус“.

– Осум мали проекти беа спроведени во рамки на програмата за регрантирање од граѓански организации, кои соработуваа со медиуми и заедно истражуваа и произведоа истражувачки стории, во вид на видеа, пишан формат или комбинација, изјави Белчева Ристовска.

Посочи дека платформата е отворена за приклучување на сите заинтересирани граѓански организации и медиуми.

Виолета Глигоровска, од фондација „Метаморфозис“, кои се дел од проектот со истражувачката сторија „Кој им ги врзува рацете на новинарите“, рече дека истражувачките стории се неверојатно скапи проекти кои акумулираат многу време и човечки ресурси, што во македонската медиумска сцена и во најдобри пазарни услови не е можно.

– Се уште овој тим на стории нема да можат пазарно да функционираат. За жал, се уште за овој тип на стории ќе бидат потребни финансиски средства во форма на мали грантови на поврзување од донаторската заедница, изјави Глигоровска.

Проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ трае од јануари 2016 до декември 2017 година и има за цел да ги зајакне медиумите и граѓанските организации и да овозможи амбиент за остварување на слободата на изразување и медиумски интегритет како клучен елемент за натамошна поддршка на Р.М. во процесот на пристапување во Европската Унија (ЕУ). Проектот е финансиран од страна на Европската унија и кофинансиран од Британската амбасада Скопје, а е имплементиран од Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on