„Во немирите во парламентот, предизвикани од Никола Груевски и од челниците од ДПМНЕ, на најбрутален начин беа тепани, газени и влечени жени. Со таквиот брутален чин е изгазена демократијата во Македонија и на најбезобразен, најдрзок и најкукавички начин е газено достоинството и гордоста на жените. Затоа како Сојуз за иднината ги повикуваме сите граѓански здруженија и невладини организации на жени, јавно да излезат и јавно да го осудат ова насилство над жените, врз бремени жени, врз мајки во Македонија. Само на тој начин, ќе ја вратиме демократијата, спокојот и мирот коишто воедно претставуваат иднина за нашите деца и внуци“, вели Јулијана Силјанновска, советник во општина Битола.
Рецитал – Борис Чоревски, советник во Општина Битола
В крвта ни остана едно недоречување,
ропско, македонско и зошто не: наметнато!
И требат тони грижи на појќе поколенија
за да се истријат тие петна
на срам од себеси,
од себепремолчување.
Не знам дали сум јасен, Родино,
но сета дарба што ја носам и за себе ја викам
најобично несокривање на мислите,
ќе ти ја завештам во трајна своина,
оти нам ќе ни бидат недоволни нашите години
за да те дотераме како милноина
и како наш протеј да те осмислиме.
Самите се нарековме тоа што сме,
самите в часот зол и ќе се преброиме –
но, пуста таго ле, смев до смев па грев до грев:
одвеќе стоиме!
И ако така уште постоиме,
не ќе постоиме!
Кои ли бевме? Кои ли сме? Од кај ли дојдовме?
Кого ли турнавме, кого ли качивме на престол?
И дали не ни е нужен некој си дедо Фројд
за да ги одгатне нашите нејасни гестови?
Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде
да не би одново да те раздадеме!
Толку го демне срцево голомразица
да не би да те запретаме во фрази,
па како сите умници на светот
што саможивништвото за вјерују го прифатија,
да се извикаме гордо и клето:
UBI BENE IBI PATRIA!