ВИДЕО: Сојузот за иднината го напушти Советот во Прилеп

Од:

Советниците на опозицијата од коалицијата „Сојуз за иднината” ја напуштија 55-та седница на Советот на Општина Прилеп.

„Затоа што, до денес не слушнавме ниту еден збор за изразување на жалење или извинување на она што се случуваше во Скопје пред неколку денови, каде што брутално нашиот пратеник кој што освои 20,000 гласови од нашите сограѓани во Прилеп, брутално беше малтретиран, тепан и исфрлен од Собранието на Р.Македонија. 20,000 гласачи од Прилеп го дадоа гласот и довербата на Сугарески, со тоа негово исфрлање и брутално малтретирање, сите тие наши 20,000 гласови беа поништени и омаловажени“, рече Сашо Велески-координатор на советничка група на СДСМ, за напуштањето на работата и седницата на Совет на О.Прилеп.

Сугарески на таа седница достави повеќе амандмани кои што се однесуваа за подобрување на условите за животот на прилепчани. Но за жал, ниту од ДПМНЕ, ниту пак од пратениците на спротивната партија не наиде на одобрување неговата иницијатива за усвојувње на тие амандмани. Колку се грижат за Прилеп и за граѓаните, со тој чин покажаа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски