ВИДЕО: Се собираат потписи за 48 независни листи за советници и 27 градоначалници

Од:

До полноќ во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК се собираат потписи за независни кандидати за советници и за градоначалници за претстојните Локални избори 2017. Според прегледот по општини на ДИК, граѓаните даваат потписи за 48 независни листи за советници и за 27 кандидати за градоначалници.

Некои од нив, како што самите објавија, веќе собрале потребен број потписи од граѓаните. Бројот на потписи зависи од бројот на жители во соодветната општина.

Потписи за независен кандидат за градоначалник, според прегледот објавен денеска на веб-страната на ДИК, собираат по двајца кандидати во Битола – Кирчо Ташков и Јорго Огненовски, во Охрид – Горан Китевски и Стевче Стевовски и во Чучер Сандево – Ацо Поповски и Јован Пејковски. Потписи за кандидатури за градоначалник собираат и во Брвеница Енвер Бајазити, во Валандово Стојан Манолев, во Вевчани Господин Попоски, во Гази Баба Тони Ѓуровски, во Градско Глигур Коцев, во Дебарца Јадранка Бибан, во Дојран Тони Ајцев, Зрновци Методи Николов, во Кавадарци Борис Давидов, Карпош Владимир Кофчегарски, Куманово Маријанчо Анделовски, Македонски Брод Жарко Златески, Могила Стево Пивковски, Неготино Ѓорѓи Ајтов, во Новаци Пецо Мицовски, Петровец Ѕвонко Цветковски, Пробиштип Горан Филовски, Радовиш Јуре Ѓерѓиев, Ранковце ивица Тошевски, Струга Насто Палиоски и во скопската општина Центар Андреј Жерновски.

Потписи се собираат и за 48 листи за советници, а најмногу – 12 има во Македонски Брод, четири во Петровец и три во Радовиш.

Официјално за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15 октомври ќе се знае откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според Роковникот за спроведување на Локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.

Локалните избори се закажани за 15 октомври. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он