Димитров ќе учествува на Неформалниот состанокот на министрите на земјите-учеснички на ПСЈИЕ и Бледскиот Стратешки Форум

Од:

Во рамки на редовните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Словенија, делегација од Република Македонија предводена од МНР Никола Димитров, на 5. септември на Блед ќе учествува на Неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ, како и на традиционалниот Бледски стратешки форум.

Се очекува на состанокот МНР Димитров да ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот. Воедно, се очекува Словенија да ги презентира приоритетите на нивното претседавање под мотото “SEE4FUTURE” како и да бидат разменети мислења за годишната агенда на нивното претседавање. МНР Димитров ќе се обрати и на Бледскиот стратешки форум на тема Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ и ќе оствари повеќе билатерални средби за време на неговиот престој на Блед.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни