Речиси 87.000 бегалци, главно припадници на муслиманскиот народ Рохинга, од Мјанмар пристигнале во Бангладеш откако на 25 август во земјата избија судири, соопшти ОН.
Камповите за бегалци во Бангладеш се преполни.
Во текот на изминатите недели запалени се повеќе од 2.600 домови во северозападниот дел на Мјанмар, во областа каде живеаат Рохинга муслиманите, наведоа претставниците на УНХЦР.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди претходно дека судирите во Мјанмар можат да предизвикаат хуманитарна катастрофа.