ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку милиони денари планира владата да потроши за исплатата на долговите на Заев

Од:

„Додека во Македонија просечната плата за само три месеци се намали за 0.7 проценти под раководствот на државата од СДС кумот на генералниот секретар на влада Рашковски зема 25 илјади денари надоместок за само еден ден работа. Пари кои му се исплаќаат од државната каса од џебот на граѓаните.

Државниот долг во изминатите 3 месеци вртоглаво расте благодарение на расипничкото работење на новата влада. Граѓаните не можеа да си објаснат каде испарија над 350 милиони евра од државната каса но, полека сваќаме дека овие пари се трошеле за непотизам, исплаќање на стари долгови на Заев и партиски вработување на несоодветни партиски кадри.

Со фактурата со сериски број 053-11 од 2017 година на кумот на Рашковски од државната каса се исплатени 25 000 денари. Исплата за присуство на адвокатската фирма на кумот на Драги Рашковски, Костиќ на само една конститутивната седница на управниот одбор на Јасен ги чинела граѓаните над 10 500 денари. Ова е еклатантен пример на кражба на народните пари бидејќи воопшто не постои причина за присуство на адвокатска канцеларија таму.

Уште колку вакви фактури ќе се исплаќаат на партиски војници, роднини на функционери, револуционери и слични партиски потрчковци од државната каса, од џебот на граѓаните пред македонската економија да биде доведена до колапс.

Уште колку милиони денари планира новата влада да потроши залудно за исплатата на догловите на Заев, уште колку капитални проекти ќе бидат запрени, уште колку училишта, градинки, болници нема никогаш да се изградат за да тој може да ги вработува своите потрчковци.

15 октомври е денот од кој што СДС се плаши, 15 октомври ќе биде денот кога граѓаните ќе ја казнат владата на СДС за нивната неспособност, партизација на институциите, расипничко трошење и селективна правда. Делегитимирањето на Заев и целата влада на СДС на локалните избори на нивните во најмала рака дискутабилни политики и матни зделки ќе доведе до предвремени парламентарни избори на кој народот ќе врати државата на правиот пат на чело со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно