Италијански археолози ја потврдија првата палеолитска станица во Овчеполието

Од:

Првата палеолитска станица на територијата на Македонија на локалитетите „Узун Мери“ кај светиниколското село Мустафино е потврдена и верификувана од експерти од Италија, објави денеска тимот на архелози од катедрата за археолофија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип.

Универзитетскиот професор од Италија, Марта Авзарело, вели дека спроведените истражувања се фундаментален чекор за утврдување на динамиката на населување на палеолитскиот човек во овој дел на Европа.

– Досега недостасуваше неандерталскиот предок во овој регион, а со овој локалитет со сигурност утврдуваме дека во средниот палеолит постоел живот и на овие простори, што ни овозможува да креираме целосна слика за оваа култура во европски рамки, рече Авзарело на прес-конференција,

Според последните анализи, палеолитската населба се датира во геолошкиот период плеистоцен, односно, во временска рамка помеѓу 250.000 и 50.000 години пред нашата ера. Од пронајдените орудија се гледа целиот технолошки процес на нивната изработка. Археолошкиот тим сотавен од археолозите Трајче Нацев и Дарко Стојановски во иднина планираат да ги интензивира истражувањата.

Универзитетскиот професор и археолог Нацев вели дека во текот на септември ќе аплицираат со два проекта до Министерството за култура, бидејќи овој локалитет не треба да остане недоистражен.

– Нема веќе да биде сондажно, туку систематско археолошко истражување на веќе со сигурност можеме да кажеме, палеолитското наоѓалиште „Узун Мери“ кај селото Мустафионо, вели Нацев

За разлика од повеќето палеолитски наоѓалишта кои се лоцирани во пештери, „Узун мери“ е од отворен тип и затоа се именува како палолитска станица.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска