Гелова: Со расипничкото и недомаќинско управување со државата, СДСМ ја повлече економијата надолу

Од:

Соња Гелова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ ја туркале државата кон сигурен банкрот, со енормното и неконтролирано трошење, според неа, владата си играла со иднината на новите генерации задолжувајќи ги со непродуктивни трошења.

– Буџетот на државата не е буре без дно. Ваквата расипничка политика и трошење без усул, ќе има големи последици врз севкупната економија. Финансискиот систем по доаѓањето на СДС на власт е на стаклени нозе. СДС во вторник ќе ја задолжи државата за нови 27 милиони и 600 илјади евра. Граѓаните не сакаат да враќаат долгови за Радмила Шекеринска да нарачува лешници за 5000 евра или Заев да фрла десетици илјади за морски плодови. За 3 месеци власт, владата на СДС успеа да се задолжи над 170 милиони евра, и од државните резерви да стопи цели 177 милиони, а нема ниту еден проект што е реализиран или отпочнат со реализација. Тоа се над 350 милиони евра кои завршиле во нечии џебови, рече Гелова.

Таа додаде дека Македонија, предводена од СДСМ и Заев неконтролирано се задолжувала.

– Наместо парите кои ги земаат со задолжување да ги потрошат на проекти кои ќе генерираат додадена вредност, тие ги трошат на набавки на морски плодови и скапа риба, набавка на цвеќиња по министерки кабинети, набавка на апетисани и за отворање на измислени работни места за партиските послушници и шарени револуционери. Со ваквото расипничко и недомаќинско управување со државата, СДС ја повлече економијата надолу. Прв пат после многу години во Република Македонија наместо раст имаме, пад на просечната плата, имаме пад на индустриското производство во јули за 6.9% во однос на истиот период во 2016 година, рече Гелова.

Според неа, поради Заев и хаосот што го креирале во економијата паѓале и странските инвестиции, а тоа значи стоп за растот на отворени нови работни места.

– Според податоците на Народната Банка странците одлеале рекордни 66,5 милиони евра повеќе отколку што вложиле во земјава. СДС ќе одговара за ваквото расипничко однесување со парите на граѓаните. Поради ваквиот несериозен однос и коцкање со финансиите на државата и катастрофалното управување со економијата, СДС ќе биде жестоко поразен на предстојните локални избори на 15-ти Октомври, заврши Гелова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен