А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Македонија конечно треба да направи чекор и да стане полноправна членка на НАТО

by А1он01/09/2017 - 13:49164
Share0

Позитивната атмосфера може да биде само предност на двете страни и верувам дека во соодветен момент ќе се создадат услови да направиме чекор понатаму, а тоа е да разгледуваме варијанти на можни решенија на проблемот, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од вчерашната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Јас сум позитивен и од самата средба и од работите како се случуваат со севкупното соседство, така и со Република Грција. Веќе има позитивен амбиент, има пријателство, дијалог и разговори, а двете средби на двајцата министри во Атина и Скопје го потврдија тоа, изјави Заев при денешанат посета на Арачиново по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Посочи дека го повикал медијаторот Метју Нимиц, некаде во ноември, декември или јануари, кога ќе мисли дека е соодветно да излезе со можни алтернативни решенија.

– Намерата ни е заедно со опозицијата да го решаваме ова прашање, заради тоа што е интерес на сите граѓани на Република Македонија. И владејачките и опозициските партии заедно во функција да најдеме решение, а не да се одложува проблемот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Долги години Македонија чека пред вратите на НАТО, Македонија конечно треба да направи чекор и да стане полноправна членка на НАТО и да отпочне преговори со ЕУ, изјави Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube
natovladaZaev

Би можело да ве интересира

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 16:02

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:49

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 18:50

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Катерина Ѓуровски18/09/2026 - 10:55

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:33

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео