ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски го плаќа својот кум, со пари на граѓаните, да сее страв по институции

Од:

„Рашковски и Заев се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост. Со неа управуваат кршејќи ги законите и се водат само од лична корист и непотизам.

Рашковски уште од доаѓање на позицијата Генерален Секретар на Владата покажа дека е лик во огледало на Зоран Заев. Рашковски го овласти својот кум, адвокатот Дејан Костиќ, во име на Владата да разрешува и именува управни и надзорни одбори, да сее страв по институции и да се заканува.

Рашковски го плаќа својот кум, со пари на граѓаните, да сее страв по институции. Овластувањето на Костиќ од страна на Рашковски е типичен пример за непотизам и само мал вовед во тоа што ја чека државата по целосната окупација на институциите од страна на СДС.

Костиќ овластен од Рашковски противправно разрешувал управни и надзорни одбори и именувал нови, со цел целосна партизација на државата.

Рашковски спроведувајќи ја политиката на Заев за јадење на живи луѓе, незаконски им се заканува на 600 луѓе, со намера да ги избрка од работа и на нивно место да постави партиски послушници и таканаречени невладини активисти. Рашковски и СДС удираат директно врз припадниците на помалите етнички заедници, како турската, бошњачката, српската и влашката.

СДС има намера да навлезе во секоја пора на општеството, и преку некомпетентни партиски кадри да ја управува државата и да ги заплашува граѓаните, точно како што Заев најави од Валандово, каде рече дека кога ќе дојдат на власт ќе избркаат се од чистачка до министер.

Рашковски и СДС и должат објаснување на јавноста како и по која процедура Рашковски го избрал сопствениот кум за да ја застапува Владата, кој учествувал во изборот и колку го плаќа?

Рашковски и Заев не смеат да бегаат од одговори. Парите со кои се расфрлаат и моќта која моментално ја имаат се на граѓаните и од граѓаните. Граѓаните не сакаат нивните пари да бидат злоупотребувани за поткопување на правната држава и демократијата во Република Македонија.

Рашковски и Заев треба да знаат дека за секое незаконско дело ќе сносат одговорност со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија. Секој еден извршител или соизвршител треба да знае дека за секое едно незаконско дело ќе се одговара и за се ќе има соодветна кривична санкција.

Граѓаните ќе го казнат СДС за ваквото насилие врз државата и институциите на претстојните локални избори на 15 октомври“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Преговорите на новата Влада се во напредна фаза, при распределбата се води сметка за бројот на добиени пратеници информира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

Катерина Ѓуровски

Деспотовски: Заедно со еден посветен тим работиме на нов концепт за враќање на интегритетот на СДСМ

Горан Наумовски

Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски