Потребно е:
400 гр моркови
1 главица кромид
1 чешне лук
1 лажиче ѓумбир во прав
1 лажиче мајчина душичка
3 лажици путер
200 мл павлака за готвење
Подготовка:
– На путер пропржете ги ситно сецканиот кромид и лук да омекнат.
– Додадете ги изренданите моркови и ѓумбир.
– Сипете вода и варете додека да омекне зеленчукот.
– Со рачен блендер изблендирајте ја целата содржина, додадете ја павлаката за готвење и оставете да почне да врие.
– Тргнете го садот на страна и послужете ја супата.