Елмас верува во успех против Израел

Од:

Македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе се обиде првпат да го победи Израел и да го оствариме вториот триумф во квалификациите за СП во Русија 2018 година по гостинска победа во Лихтенштајн. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас верува во успех.

– Мора да кажам најпрво дека ми е чест што повторно добивам повик за А репрезентацијата. Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите е голема чест. Оваа селекција има иднина, посакуваме тоа да го покажеме и против Израел. Ќе биде тежок меч, но подготвени сме за предизвикот. Ако добиjам шанса, секако ќе се потрудам да ја искористам зошто овој дрес многу значи за мене, изјави Елмас.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски денеска ќе тренираат на стадионот „Сами Офер“ каде утре од 20:45 часот ќе се игра натпреварот.

Македонија по шест рунид во Г-групата е на 5.место со само три бода, Израел е на 4.позиција со девет бодови. Евентуален триумф на „црвено-жолтите“ ќе значи фаќање резултатски приклучок со Израелците.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска