Првиот противник на Вардар во Лига Европа, екипата на Зенит во последниот ден од преодниот рок потпиша договор со репрезентативецот на Словенија Миха Мевља.
Словенечкиот играч од одбраната со рускиот великан потпиша четиригодишен договор вреден осум милиони евра.
Мевља кариерата ја почна во Горица, а настапуваше и за Лозана, Бнеи Шакнин, Динамо Букуршет и Ростов.
27-годишниот стопер за Словенија дебитира мината година и до сега има одиграно пет натпревари и постигнато еден гол.
Зенит ќе му гостува на Вардар во 1.коло од ЛЕ на 14 септември.