Генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, денеска имаше работна средба со Гаетано Масара, директор за Југоисточна Европа за интернационалната компанија „Џенерал Електрикс“, еден од најпознатите светски производители на електротехничка опрема и решенија од електроиндустријата.
Од МЕПСО информираат дека на средбата што се одржа во дирекцијата, беа разменети искуства од досегашна соработка меѓу двете страни и беа разменети мислења за актуелни и тековни проекти во преносната мрежа и во електроенергетскиот систем.
Претставниците на „Џенерал Електрикс“ покажаа интерес за инвестиции во енергетиката во електроенергетскиот систем, а беа разменети и мислења во однос на регулативата што го регулира електроенергетскиот сектор.
Оваа средба е дел од посетата на Масара на Република Македонија при што беа остварени средби и со највисоки претставници на Владата на Република Македонија.