Рибја паштета

Од:

Брза и едноставна паштета која одлично оди со брускети …

Потребно е:
300 гр младо сирење
50 гр путер
2 тврдо варени жолчки од јајце
1 помала главица кромид
10 филети инчуни
1 лажица маслиново масло
1 лажица сенф
сол, бибер

Подготовка:
– Сирењето изматете го со миксер и додадете ги жолчките.

– Инчуните изблендирајте ги и додадете ги во сирењето.

– Додадете го и путерот кој е на собна температура и убаво измешајте, може и да ја изблендирате целата смеса.

– Додадете масло, ситно сецканиот кромид и сенфот и убаво измешајте.

– Пред да ја послужите оставете ја неколку часа во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска