Ќе се гради нова времена депонија кај Ново Конско

Од:

Новата времена депонија кај Ново Конско, во општина Гевгелија, ќе биде првата современа депонија за комунален отпад во Македонија и ќе претставува најсоодветно решение за досегашните проблеми на граѓаните на Гевгелија кои ги предизвикуваше дивата депонија, истакна на денешната јавна презентација Марјан Михајлов, инженер по животна средина.

– Новата депонија ќе биде изградена со сите неопходни заштитни мерки за околината. Отпадот секојдневно ќе се компактира и врз него ќе се поставува дневна покривка од земја со цел да се спречи разнесување и запалување на отпадот. Депонирањето ќе се врши во хидроизолирани услови со поставување глина и синтетички непропустливи материјали и во неа нема да се депонираат опасни материи, рече Михајлов, кој нагласи дека депонијата ќе биде целосно заградена и обезбедена со чуварска служба.

Новата современа комунална депонија ќе се гради на површина од 2 хектари со помош на УНДП и фининаиски средства од јапонски грант кои беа доделени на општините што беа најмногу погодени од бегалската криза.

Досегашната депонија кај Гевгелија, според Михајлов, е оценета како втора најризична депонија во Македонија, бидејќи е сместена во коритото на Сува Река без никакви заштитни мерки.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Драма во Пријепоље: Пожар избувна на депонијата Стањевина, прогласена е вонредна состојба

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

A1on