Политичка нестабилност, киднапирања, кражби, убиства, силувања, тероризам – сето тоа покажува дека патувањето може да биде многу опасно. Ви претставуваме 16 земји кои треба да ги заобиколите во широк агол ако ви е дојдено до сопствената безбедност.
1. Авганистан: Хотелите и сопствениците на разни објекти за издавање добиваат закани на дневна база, а заканата од тероризам е голема. Исто така се работи за земја со голем број пријавени случаи за киднапирање.
2. Буркина Фасо: Висока закана од тероризам, посебно кога станува збор за хотелите, рестораните и кафулињата.
3. Бурунди: Политичката нестабилност и голем број на инциденти поврзани со насилства: судири на вооружени банди.
4. Централноафриканската Република: Разни видови на тензии во земјата. Насилства, кражби, убиства, криминал и нарушување на човековите права во оваа земја се застапени во широка мера.
5. Чад: Висока закана од тероризам, посебно на места каде се движат туристи.
6. Демократска Република Конго: Политичка нестабилност, судири меѓу вооружени банди, насилства. Состојбата дополнително ја отежнува приливот на бегалци од соседните земји.
7. Ирак: Некои провинции ги контролираат различни вооружени групи, додека безбедноста на жителите и туристите е на ниско ниво.
8. Либија: Вооружени судири, висока закана од тероризам, киднапирања.
9. Мали: Висока закана од тероризам, вклучувајќи и киднапирања.
10. Мавританија: Висока закана од тероризам, вклучувајќи и киднапирања. Ризикот е најголем за жителите на САД. Се советува голема внимателност на јавните места.
11. Нигерија: Висока закана од тероризам, вклучувајќи и киднапирања.
12. Северна Кореја: Политички тензии кои можат да доведат до идна нестабилност во регионот.
13. Сомалија: Терористичките групи јасно упатија закана кон сите Западњаци, како и до луѓето кои работат во оваа земја, така и до туристите.
14. Јужен Судан: Состојбата во Јуба е релативно мирна од кризата во 2016 година, но во земјата и понатаму се случуваат напади на дневна база.
15. Сирија: Состојбата е исклучително ризична и опасна во оваа со војна опустошена земја. Воените операции се секојдневни, а локалната влада ја изгуби контролата над некои делови на земјата, со кои загосподари Исламската држава.
16. Јемен: Состојбата е многу тензична и нестабилна. Во некои делови на земјата не се знае која фракција ја држи контролата. Освен во постојаните вооружени судири постои и висока закана од тероризам и киднапирање, а нападите се насочени и на туристите.