СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави распаднати студентски домови

Од:

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за студентите, за време на своето 11 годишно владеење ќе работеше на подобрување на студентскиот стандард. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на луксуз и криминални тендери, додека студентите живееја во мизерни услови, во мувлосани и распаднати студентски домови.

За своето децениско владеење ВМРО-ДПМНЕ не само што не изгради ниту еден нов студентски дом, туку поради расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните, студентските домови должеа над 300 милиони денари, односно околу пет милиони евра.

Со одговорниот и домаќински пристап, Владата предводена од СДСМ, ги врати долговите на студентските домови, вложува во квалитетот на образованието и работи на подобрување на ученичкиот и студентски стандард. За таа цел, преку ребалансот на Буџетот за 2017 година обезбедени се нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, а покрај тоа се поправаат штетите и се сервисираат долговите што се последица од криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат