Поставена 9-метарска новогодишна елка на плоштадот во Куманово

Од:

На градскиот плоштад во Куманово надлежни екипи од ЈП „Куманово Паркинг“ ја поставија деветметарската новогодишна елка со што целосно е завршено новогодишното украсување на градот.

Од јавното претпријатие задолжено за украсување, информираат дека годинава не е инвестирано во нови украси и оти на плоштадот е поставена елката што беше набавена минатата година.

– Поставувањето на елката доцни поради безбедносни причини, бидејќи минатата година елката беше опожарена. Апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат новогодишните украси, вели Маја Антевска Додевска,помошник директорт од ЈП „Куманово –Паркинг“.

Новогодишните украси веќе се поставени на главните улици и булевари „11 Октовмри”, „Трета МУБ“, „Гоце Делчев“, „Октовмриска Револуција“, „Доне Божинов“ и други улици во централното градско подрачје, како и на влезот и излезот на Куманово. Според надлежните предвидено е градот да биде украсен до крајот на јануари наредната година.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово