Реакција на Општина Центар на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Во недостиг на информации, ВМРО-ДПМНЕ веќе цела недела одржува беспредметни прес конференции против градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Господине Горан Богдановски во иднина, пред да застанете пред општината и да критикува, треба да се информирате.

Ја спомнувате гасификацијата, ние ве потсетуваме дека гасификацијата не е реализирана од страна на градоначалникот Андреј Жерновски затоа што тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ваша матична партија донесе одлука процесот на гасификација да оди исклучиво преку Град Скопје.

Па така вашето обвинување за „неспособност” можете да го упатите до вашиот сопартиец и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, кај кого се ингеренциите за спроведување на процесот на гасификација.

Што се однесува до реализација на капиталните проекти Општина Центар, за првпат по 42 години изгради нова градинка со површина од 2800 метри квадратни, а по 47 години ново основно училиште. Обновивме 78 000 метри квадратни зеленило и реконструиравме улици со вкупна површина од 52 000 метри квадратни. Голем дел од буџетот го пренасочивме за директна помош на граѓаните.

Ова се само дел од проектите кои ги реализираше општина Центар, за сите други може да го разгледате отчетот.

И за крај да ве потсетам дека општина Центар не се кити со туѓи перја. Општина Центар за сите овие проекти доби нула денари владина подршка. Сите средства беа издвоени од сопствениот буџет на општината.

Бидете убедени дека на 15 октомври, токму ваквиот чесен и транспарентен начин на работа граѓаните ќе го ценат и препознаат“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски