ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот Генерален секретаријат работи незаконски

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Генералниот секретаријат на Владата и нејзиниот прв човек Драги Рашковски работат незаконски.

Според Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашковски незаконски разрешува и поставува во најголем дел некомпетентни и неспособни партиски кадри.

– Сите овие одлуки се спорни. Сите овие решенија ќе паднат кога судовите и надлежните институции ќе се одважат и нема да потклекнуваат на притисоците од СДС, односно кога ќе почнат да постапуваат исклучиво според законот, рече Рамчиловиќ на прес-конференција.

Тој тврди дека Рашковски го ангажирал својот кум Дејан Костиќ за адвокат на владиниот Генерален секретаријат, што, како што наведе, е е врв на непотизам и самовластие.

Рамчиловиќ праша зошто е ангажиран адвокатот Костиќ, кога, како што посочи, Секретаријатот има правна служба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски