Неодолива кремаста торта …
Потребно е:
за желето од малини:
300 гр малини
200 мл вода
60 гр шеќер
30 гр нишесте
30 мл вода
за слаткарскиот крем:
750 мл млеко
180 гр шеќер
5 поголеми јајца
2 кесички ванилин шеќер
30 гр нишесте
50 гр брашно
изрендана кора од пртокал
изрендана кора од лимон
15 мл рум
150 гр путер, на собна температура
1 лажица шеќер во прав
за потопување на колачињата:
150 мл млеко
15 мл рум
и уште:
500-550 гр чајни колачиња
500 мл слатка павлака
5 до 10 капки екстракт од малини
малини и листови нане, за декорација
Подготовка:
– Прво направете го желето од малини. Во тенџерче на рингла ставете ги малините, вода и шеќер и оставете ги да се варат 5-6 минути. Тргнете ги на странаи пропасирајте ги низ густа цедалка. Вратете ги испасираните малини во тенџерчето и оставете повторно да провријат. За тоа време разматете го нишестето во вода и додадете го кај малините. Варете додека не се згуснат, околу 2-3 минути со постојано мешање. Тргнете ги на страна и оставете потполно да се изладат. Промешувајте од време на време да не се создаде коричка.
– Додека се лади желето од малини направете го слаткарскиот крем. Во сад на рингла ставете 1/2 л млеко и шеќер и оставете млекото да почне да врие. Во друг сад изматете ги јајцата со жица за матење, додадете ги остатокот од млекото, нишестето, брашното и ванилиниот шеќер и матете додека да добиете хомогена смеса без грутчиња.
– Во млекото што врие сипете ја смесата со јајца и со постојано мешање варете додека да се згусне. Тргнете го садот од рингла и оставете го кремот потполно да се излади (од време на време промешувајте го за да не се направи коричка).
– Изматете го путерот со 1 лажица шеќер во прав. Во изладениот слаткарски крем додадете го изматениот путер, изренданата кора од лимон, изренданата кора од портокал и румот. Изматете убаво со миксер додека да добиете хомогена смеса.
– Кремот поделете го во три сада по 300 гр и во два сада по 150 гр.
– Во една подлабока чинија сипете го млекото и румот за потопување на колачињата.
– Калапот за торта со дијаметар од 23 или 24 см обложете го со пластична фолија така што краевите на фолијата да висат надвор од калапот.
– На дното калапот над фолијата распоредете го едниот дел од 150 гр од кремот.
– Секое чајно колаче кратко натопете го во млекото и румот и редете ги на дното од калапот, едно до друго. За овој калап ќе ви требаат вкупно 76 колачиња.
– Во средината на секое колаче и во отворите околу колачињата сипете по малку од желето од малини.
– Потоа со лажица рамномерно нанесете 300 гр од слаткарскиот крем. Над кремот ставете уште еден ред чајни колачиња и повторно наполнете ги средините на колачињата и поголемите отвори околу колачињата со желето од малини.
– Повторно над колачињата рамномерно нанесете 300 гр од кремот. Сега ставете го третиот ред колачиња, наполнете со желето од малини и повторно премачкајте со 300 гр од кремот. Над кремот наредете го четвртиот ред колачиња, наполнете со ќелето од малини и премачкајте со 150 гр од кремот. Вака наредената торта ќе биде неколку сантиметри пониско од работ на калапот.
– Тортата покријте ја со пластична фолија и ставете ја да стои преку ноќ во фрижидер.
– Следниот ден, изматете ја слатката павлака со екстрактот од малина. Тргнете ја горната фолија од тортата и превртете ја тортата на чинија за сервирање, тргнете ги страниците на калапот и тргнете ја долната пластична фолија.
– Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака и украсете ја по желба со малини и листови нане.
– Готовата торта разладете ја уште малку и послужете.